Вилата „Стар Град“ е позиционирана во прекрасниот дел на градот, стариот дел. Се наоѓа на оддалеченост од само 100 метри од централниот плоштад и езерото. Со својата местоположба, односно атрактивна позиција, практично во срцето на стариот дел на градот, во средина на сите позначајни културно историски споменици и знаменитости, како и фантастичниот поглед кон езерото и градот вилата нуди вистинско уживање. Вилата располага со еден апартман, едно студио и четири двокреветни соби. Исто така нудиме сместување на поголеми групи на туристи во исти или слични сместувачки капацитети. Вила „Стар Град“ нуди организирани посети и екскурзии низ Охрид со професионален туристички водич, бесплатно, кои можат да се добијат со престој на минимум пет особи кои ќе престојуваат минимум два дена.
Охридско Езеро
Охридското Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и, од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина.
Капацитети
✓ 1 Луксузен Апартман
✓ 1 Студио
✓ 4 Двокреветни Соби
✓ Паркинг
✓ Изнајмување на велосипеди
✓ Бесплатен сервис за превоз од Охридски Аеродром